1008 hPa
76 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 18:59
Дојдоа. Ги гледаа урнатините на земјата, околните парцели,
нешто мереа со поглед, ги испробуваа воздухот
и светлината со својот јазик. Им се допаднаа.
Сигурно нешто сакаа да ни земат. Ние
ги закопчавме кошулите, иако беше жешко,
и се загледавме вземи. Тогаш еден од нашите
покажа со прст во далечина.
И дојденците погледнаа таму.
Во истиот миг тој итро се наведна,
грабна грст земја, ја скри во џебот
и се исправи како ништо да не било.
И туѓинците кога се свртија
под нозете им се покажа длабока бездна.
Тие се збунија и, погледнувајќи на часовникот,
набрзо заминаа.
Во бездната, на дното:
меч, стомне и бела коска.
Превод: Паскал Гилевски