Нациите се производ на 19 и 20 век

07.10.2019 07:30

Нациите се производ на 19 и 20 век, Ненаде. Најчесто настанувале на митови. На пример, Адам Мицкиевич и уште неколку полски преродбеници-романтичари тврделе дека Полјаците биле потомци на Сарматите, кои не биле Словени? Зошто? Зашто сакале да се дистанцираат од Русите. Нив ги сметале за опасност. Со право.

Македонците немале помалку трауматична историја од Полјаците и раните сѐ уште се отворени. Не потурај ги раните со сол. Животот сѐ уште не е дојден. Македонија забрзано се празни и тој егзодус нема да го запре ни почетокот на преговорите со ЕУ ни приемот во НАТО. Митот за античките Македонци нема да исчезне сѐ дури тој е единствениот извор на гордоста на Македонците. Претходната власт го употреби тој мит како параван за криминалот, а сегашнава се однесува како слон во аптека.

Владимир Милчин, Фејсбук, 02.10.19.