Скопје трча 10 км

07.10.2019 10:51
Скопје трча

Третата по ред „Скопје трча 10к“ и годинава собра атлетичари, спортисти, но и многу рекреативци.

Вчера (7 октомври) се одржа трката „Скопје трча 10 км“ во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетскиот клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија, а со помош на Министерството за внатрешни работи.

На трката учество пријавиле тркачи од 24 земји, меѓу кои и атлетичари од Кенија. Бројот на учесници на трката, која годинава се одржува по трет пат, бил 1900 што е за 300 повеќе од минатата година.

Најдобар во машка конкуренција беше Дарио Ивановски со 31.07, а по него следуваа Милош Ранчиќ со 33.44 минути, додека трет беше Атанас Анчевски со 33.49 минути.

Во женска конкуренција најдобра беше Теодора Симовиќ со 34.59, а по неа следуваа Андријана Поп Арсова со 37.02, додека третото место беше резервирано за Билјана Караџиева со 37.59.

Исто така, Ивановски и Поп Арсова урнаа два македонски рекорди. Дарио го надмина машкиот државен рекорд во 10 км на улична трка, а Андријана го урна женскиот државен рекорд во истата категорија.

Од штафетната трка најдобри беа Game On со 36:34 минути, по нив NRC-NIKE+RUN CLUB со 37:55 минути и трети завршија 3P DEVELOPMENT со 38:01 минути.

Фотографии: Небојша Гелевски