Фотографии чии пиксели покажуваат уште колку загрозени животни се преостанати

08.10.2019 03:08
Африканско диво куче, преостанати меѓу 3000 и 5500 животни

Прво беше одличната кампања од 2008 година на Светскиот фонд за дива природа (WWF). Инспирирани од нејзината неодамна повторно стекната популарност, јапонската агенција Hakuhodo C&D / Tokyo креираше кампања „Население по пиксели“. Мозокот на оваа кампања се креативните директори Нами Хошино (Nami Hoshino),  Јошијуки Миками (Yoshiyuki Mikami) и дизајнерот Казухиро Мочизуки (Kazuhiro Mochizuki).

Поттикнат од нивната работа, авторот со псевдоним JJSmooth44 на социјалните мрежи направи сличен проект, моќен како оригиналот.

Тој изработил фотографии на загрозени животни, а секој пиксел претставува едно животно. Колку помалку е видлива сликата, толку помалку животни се преостанати. „Го направив тоа како програмски предизвик“, напиша авторот кој за својот проект ги користел фотографиите од www.animalplanet.com

Леопард Амур, преостанати уште околу 60 животни

Тигар Амур, преостанати уште околу 450 животни

Азиски слон, преостанати помеѓу 40 000 и 50 000 животни

Бенгалски тигар, преостанати уште околу 2500 животни

Црнонозеста лисица, преостанати уште околу 300 животни

Црн носорог, преостанати уште околу 5000 животни

Син кит, преостанати помеѓу 10 000 и 25 000 животни

Мајмун Бонобо, преостанати помеѓу 10 000 и 50 000 животни

Орангутан од Борнео, преостанати помеѓу 45 000 и 69 000 животни

Пигмејски слон од Борнео, преостанати уште околу 1500 единки

Шимпанзо, преостанати помеѓу 172 700 и 299 700 животни

Пингвин од Галапагос, преостанати уште околу 2000 единки

Источно-низински горила (Конго), преостанати уште околу 17 000 животни

Гигантска панда, преостанати уште 1864 животни

Зеленоморска желка, преостанати помеѓу 3500 и 5500 единки

Делфин хектори (Нов Зеланд), преостанати уште околу 7000 примероци

Индиски слон, преостанати меѓу 20 000 и 25 000 животни

Индокинески тигар, преостанати меѓу 600 и 650 животни

Јужноазиски слатководен делфин, преостанати уште околу 1100 единки

Носорог од Јава, преостанати уште околу 60 животни

Извор: bored panda

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Екологија
Фотографија / Екологија
Екологија / Око
Фотографија / Екологија
Графички Дизајн / Карикатури
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност

ОкоБоли главаВицФото