Повик за волонтери на третиот Истражувачки филмски фестивал

08.10.2019 11:30
Повик за волонтери на третиот Истражувачки филмски фестивал


 Платформата за истражувачко новинарство и анализи – ПИНА објавува повик за волонтери за третото издание на 
Истражувачкиот филмски фестивал – Скопје кој ќе се одржи од 31 октомври до 2 ноември во кино Култура. Преку фестивалот волонтерите ќе добијат можност директно да се вклучат во работата на организацијата, со што ќе се стекнат со организациски вештини и ќе ги надградат своите способности и вештини преку присуство на настани, дискусии и работилници со врвни професионалци – истражувачки новинари, режисери и други медиумски работници.

Заинтересираните кандидати треба да волонтираат 3 до 5 дена со работно време од 5 часа во текот на денот.

Се охрабруваат младите и студентите да аплицираат и да работат на фестивалот заедно со тимот на ПИНА.

За периодот на волонтирање, ПИНА во соработка со партнерската „Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје“ ќе ги покрива трошоците за храна и превоз на учесниците и ќе обезбеди надомест од 2000 денари бруто. Сите заинтересирани може да се пријават со испраќање на своето CV или кратка биографија, како и контакт телефон на info@pina.mk и на jovanovska_iv@yahoo.com (да се вклучат двата мејлови). Кандидатите кои се избрани во крајната селекција ќе бидат контактирани. Повикот е отворен до 16 октомври.

Подетални информации за повикот на линкот.

ОкоБоли главаВицФото