Нова книжарница на ТРИ во Скопје

09.10.2019 02:58
Нова книжарница на ТРИ во Скопје

Издавачки центар ТРИ најавува отворање на уште една книжарница во центарот на градот, овој пат во Трговскиот центар Зебра во Капиштец. Познати по одличниот избор на книги и големиот број акции, промоции, средби со љубителите на добрата книжевност и бенефиции за своите читатели, успешната приказна на ТРИ продолжува да освојува нови простори, а со тоа и да ја шири љубовта кон книгите и читањето.

Книжарницата ТРИ ќе се отвори во среда, на 9 октомври, во 19 часот со присуство на многу автори и членови на Клубот на читатели, a отворањето ќе биде одбележано и со попуст за првите купувачи.

„И новата книжарница на ТРИ во ТЦ Зебра ќе биде место каде што ќе може да се најде најдоброто од домашната и странската литература. Ќе биде отворена преку целата недела, а во неа ќе ве пречекаат секогаш расположените книжари кои ќе ви помогнат да ја изберете вистинската книга за секој повод“, велат од издавачкиот центар Три.

ОкоБоли главаВицФото