1008 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 19:59
Таа не можеше - да се противставува,
девојче на осумнаесет години - танки раце,
црно палтенце, мисла за лебот кој се дели на парчиња,
и уште она што го именуваме
како несоница за Татковината.
Кога ја фрлија неа во бездната на мракот,
гласот ѝ беше веќе сосема слаб, та никој од соседните ќелии
не можеше ништо да слушне. И само птица,
вестителка на Персефона, ѝ принесе во шамија
зрна капинки. И децата во училишните татратки
ја нацртаа, ноќе, под изморените
мижуркања на ламбите
малечката богородица врз масите
на народните таверни,
со птици и риби на плеќите и на колената.
Превод: Паскал Гилевски