Бананамен фатен како пишува графит „Долу Црешомен!“

10.10.2019 09:23
Бананамен фатен како пишува графит „Долу Црешомен!“

  Бананамен е затекнат како со црвен спреј испишува пароли цело време извикувајќи дека „на овој град му е доволен еден овошен суперхерој“, а полицијата против него поднела прекршочна пријава.

-Господин Бананамен не може сам да го зема законот во свои раце и да одредува колку овошни суперхерои ни се потребни. Сега ќе мора да се појави пред судија за прекршоци за да одговара за вандализам. Кога го привела полицијата, навел дека не по познава лично господинот Црешомен, но дека чул дека во градот се појавил нов овошен суперхерој и дека поради тоа се чувствувал загрозено – велат полициски извори.

Црешомен околу целиот настан изјавил дека ги почитува сите суперхерои кои имаат префикс на овошје но дека не знае кои биле мотивите на Бананамен да напише графит против него.

-Никогаш не сме се запознале, но јас Бананамен исклучиво го ценам, се угледував на него уште кога бев мал Црешокид. Жал ми е што тоа почитување не е обострано. Свесен сум дека можеби е малку љубоморен на мене бидејќи го загрозува аромата на ментол и цреша, но мислам дека тоа не е причина за нетреливост. Не можам да му се лутам бидејќи тоа би било како да се лутите на банана, а сите сакаат банани – изјавува Црешомен.

Тој исто така го повика Бананамен да ги закопаат овошните воени секири и, во знак на добра волја и соработка, заедно да учествуваат на настанот насловен Црешови игри, кој ќе биде одржан на 17 и 18 мај, како и 25 и 26 мај.

Доколку биде осуден, Бананамен може да плати парична казна, како и општествено корисна работа во траење од 40 часа, кои главно ќе ги мине во отстранување на неколку десетина графити кои ги напишал против Црешомен низ градот.

Извор: njuz.net