Изложба „Цврсти лаги“ во Мобилна галерија

10.10.2019 13:11
Изложба „Цврсти лаги“ во Мобилна галерија

Вечерва (четврток, 10 октомври), со почеток од 20 часот, во Мобилна/ монтажна галерија, во организација на Центарот за современи уметности ќе биде отоврена изложбата „Цврсти лаги“ на Горан Ристовски.

„Цврсти лаги е серија црно бели фотографски принтови и произлегува и е инспирана од нашата блиска околина, за објектите и просторите како наши ментални и физички мемории. Ова се визуелни документи, отисоци, констатирање на овој тип на состојби и естетизирање на процесот на распаѓањето, на заборавеното како човекова постапка кон општеството. Повеќето фотографии се конципирани со постапка на надополнување од две сцени од еден простор. Просторот како објект, локација претставен низ годините кои поминуваат служи како визуелна метафора за некакво ветување, очекување, надеж. Човечката невидливост и отсутно прикажување низ фотографиите директно ни го го доловува ефектот и индиферентниот однос насочен низ минатото и сегашноста. На фотографиите е следење на процес на губење и присвојување на сопственоста или не решливоста на сопсвеноста на нештата, како појава која се почесто е присутна во нашите околности- животи“, објаснува авторот.

Празните и осамени објекти - простори се симбол кој ги компонираат делата и реферираат на човековата пасивност, неговата отсутност, празнината, губењето на мотивацијата- како битие во создавањето и креирањето на општествената стварност. Естетизирањето на делото исто така има цел да опише и прикаже состојба на една транзициска долготрајна борба условена од актуелни социјални, општествено- политички, емоционални, културолошки контексти. Промените кои го преобликуваат тој објект или просторот во околината, оставени сурово во процесот на нивното пропаѓање, нивната стабилност и неуспех и последиците од нивното постоење.

Горан Ристовски (1987 во Струга), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Има учествувано на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. Неговата уметничка практика се занимава со истражување на различни медиуми и се изразува преку цртеж, слика, фотографија, инсталација, графика, улична- урбана уметност, но најчесто се работи за комбинирање на повеќе медиуми. Ристовски работи како ликовен педагог во Струга, еден е oсновачите и членовите на уметничкото здружение ИНКА од Струга.

Изложбата е финасиски поддржана од Општина Центар

 

ОкоБоли главаВицФото