1008 hPa
81 %
7 °C
Скопје - Вто, 10.02.2026 19:59
Прозорците ширум отворени, чешмата гргори,
бавчата тукушто е навадена, клупата се сребрее,
шумот на водата под рачната количка.
На дискот на месечината слетаа два листа.
Третиот ги пронижа твоите гради,
од што спишти ти?
Ах, тој црн мал нож на љубовта и вечноста.
Превод: Паскал Гилевски