Упис на прва генерација студент(к)и на дигиталната феминистичка школа

11.10.2019 13:35
Упис на прва генерација студент(к)и на дигиталната феминистичка школа

Центарот за женски студии прави упис на дваесет и осмата генерација студент(к)и на својата образовна програма, а своја прва генерација учесници на програмата на новоформираната Дигитална феминистичка школа.

Дигиталната феминистичка школа е едносеместрална образовна програма која ќе ги користи предностите на современата дигитална технологија за да одговори на предизвиците коишто доаѓаат од оддалеченоста на местото на живеење од местото на одржување на предавањата. На овој начин, се овозможува учество на студент(к)и кои сакаат да се стекнат со образование од областа на женските студии, а не живеат во Белград, каде се одвива програмата, или кои од други причини се спречени редовно да ја посетуваат наставата.

Школата нуди циклус од дванаесет предавања кои ќе ги опфатат значајните теми од основните феминистички теории и политики, историјата на женското движење, додека, од феминистичка перспектива, ќе ги проблематизираат различните аспекти на егзистенцијата на жената во современото друштво. Сите студент(к)и на Дигиталната феминистичка школа ќе имаат пристап до сите предавања и дополнителни материјали и ќе можат да ги преземат преку онлајн, преку интернет.

Учеството на програмата е бесплатно, а семестарот ќе започне на 15 ноември 2019 година. На програмата може да се пријават сите кои разбираат, читаат и пишуваат на босански, хрватски, српски или црногорски јазик (BHSC јазиците), без разлика на тоа дали живеат во Србија, регионот на некогашна Југославија или пошироко. Студент(к)ите кои (со поддршка на менторките) успешно ќе ја завршат школата ќе добијат и сертификат.

Доколку сакате да се пријавите на Дигиталната феминистичка школа на Центарот за женски студии, преземете ја пријавата за упис и испратете ја пополнета на мејлот на школата (digitalna.feministicka.skola@gmail.com) најдоцна до 24 октомври 2019 година до 18:00 часот.

Примените кандидат(к)и ќе бидат известени за резултатите од уписот на програмата на Дигиталната школа до 4 ноември 2019 година.

За дополнителни информации за уписот и програмата контактирајте ги организатор(к)ите на истата мејл адреса, а за повеќе сите програми на Центарот за женски студии истражете го веб-сајтот на Центарот.

Линк од првичниот повик од школата може да најдете овде.

Програмата е поддржана од фондацијата Траг.

Извор: Коалиција Маргини

 

ОкоБоли главаВицФото