
Иницијативата Fridays For Future од Скопје, вчера попладне спроведе нова акција, при која активистите им ставија маски и пораки на спомениците и бистите.
„Ако го решиме проблемот со аерозагадувањето денес, во иднина нема да бидеме жртви ниту на климатските промени. Во спротивно, до спомениците на паднатите борци против фашизмот, ќе треба да поставиме и споменици на паднатите борци против климатските промени!“, соопштија од Fridays For Future.
Извор: Fridays For Future