Орбан ја изгуби Будимпешта

14.10.2019 01:48
Орбан ја изгуби Будимпешта

Гергели Карашоњи, кандидатот на опозицијата е нов градоначалник на Будимпешта. Прв пат по една деценија, Орбан го губи приматот во главниот град на Унгарија. Неговиот фаворит, актуелниот градоначалник Иштван Тарлош го признал поразот на локалните избори, што се одржаа вчера (13 октомври) и му ја честитал победата на Карашоњи.

Според досега преброените гласови, опозицијата освоила 50.1 отсто, додека партијата „Фидеш“ на Орбан 44,8 отсто од гласовите.

„Ова е првиот чекор на промените во Унгарија. Ќе ја вратиме Будимпешта во Европа“, напиша на својот фејсбук профил новиот градоначалник на Будимпешта.

Според проекциите, опозицијата ќе однесе победа на локалните избори во околу 10 од вкупно 23 поголеми градови во Унгарија, јави Вашингтон Пост. Во 2014-та, тие освоиле само три градоначалнички мандати на територијата не целата држава.

Одзивот на изборите бил близу 50%, бројка која според тамошните аналитичари е една од највисоките по падот на „железната завеса“ во 1990 година.

И покрај разочарувачкиот резултат, аналитичарите не предвидуваат дека Орбан ќе го смени начинот на владеење.