Кај и да стапне, убавина

14.10.2019 09:19

Кај и да стапне, убавина носи, како
ведро небо ноќе опсипано со ѕвезди;
и најдобриот спој од сјајот и од мракот
во нејзините очи и појава се вгнездил;
зрак разблажен до најнежен наклон
што рајот преку ден го оставил да чезне.

Било сонце да ја сретне било сенка смела
не ѝ може ништо на милоста без вик
што во косата лелеава, црна ѝ се вплела
или благо зрачи од сиот нејзин лик;
кај што секоја мисла спокојна и бела
вели колку чист и мил е тој нивен жиг.

И тоа мирно лице и тоа мирно чело,
така тивки, а чиј говор така долго трае,
па насмевки пленат или бои менат врело,
се слика на доброто што таа го знае.
Душа што во мир гледа на секое дело
и срце чија љубов од невиност сјае.

Превод: Магдалена Хорват

Повеќе за Бајрон

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото