„Даденото: Постоење (на жената)" - монодрама во изведба на Јасмина Билаловиќ

16.10.2019 12:08
„Даденото: Постоење (на жената)" - монодрама во изведба на Јасмина Билаловиќ

Во Музеј на град Скопје на 18 октомври (петок), во 20 часот ќе се одржи премиера на монодрамата „Даденото:Постоење (на жената)", во изведба на Јасмина Билаловиќ.

Монодрамата е по текст и мизансцен на Ришард Ниецим и е реализирана како копродукција меѓу „Le Theatre de l’Homme Actor’s Laboratorium“ од Торонто и Јасмина Билаловиќ, независна продукција Скопје.

„Кој/ што е Жртвата? Како да и се побегне на виктимизацијата?

Одговорност: во кој момент човек ја прифаќа одговорноста за сопствените дејствија/ акции /постапки и за сопствената пасивност и соучесништво преку не-акција: во секојдневниот живот, во предавствата, oтфрлањата, одбивањата, напуштањата и насилните, злоупотребувачки дејствија на другите врз моето его, дух, душа и тело?

Како да се надминат (и простат) себепредавствата, чувството на вина заради неволното прифаќање на нештата без побуна и протест, поврзани со личната неактивност: вината затоа што не си рекол НЕ кога било неопходно, вината затоа што не си рекол ДА кога било потребно? “

Претставата е театарско истражување на длабочините на женската душа, нејзина Песна за Себе-како што таа се прашува себе- и тоа фундаментано прашање го пренесува на гледачот/сведок. А тоа фундаментано прашање гласи: ”кој/а сум јас, откако веќе сум ги раскинал/а и отфрлил/а лицемерните, себе-виктимизирачки маски, кои ми биле наметнати од средината, културата, религијата, семејството и пријателите?”, се вели во најавата за претставата.

Костимите се на Павел Маслов, преводот на Јасмина Билаловиќ, а лектурата на Сандра Авросиевска.

Билетите можат да се резервираат на pmaslovp@gmail.com

ОкоБоли главаВицФото