Борхес

16.10.2019 14:08

Еден ден ноќта ќе загосподари со сите нешта,
среќата и несреќата ќе можат да се погледнат
право в очи зашто огледалата ќе престанат
да го противставаат човекот на неговиот напразен одраз.
Тигарот, дури во сенката на решетките, ќе сфати дека
никаква е славата од книгите; дека на митскиот јунак
од народните приказни нерасипливото злато
му е украдено и дека тој ја товари на грб својата жртва
зиморлива но достојна во виорот на бојот.
Оној што се гордееше дека е слеп, срамежлив, без
храброст, слезе во пеколот, ја зеде за жена
Беатриса и, подавајќи го грлото кон стариот брич
на Времето, му се противстави на другиот, на тој непознат двојник
зад вратата, на оној што ги раскрвавува ружите.

 

Превод: Влада Урошевиќ

Ги Гофет е роден во Жамоин, 1947 година во близина на француско-белгиската граница. Живее и работи во Париз. Поет и прозен писател. Објавил триесетина книги. Неговите книги се преведени на повеќе од дваесет јазици. Еден избор од неговата поезија е објавен на македонски (во превод на Љубиша Стојановиќ) во 1992 год. под наслов Икаровото успение.

Tворештвото на Ги Гофет е плодно и составено од бројни
книги поезија, романи, раскази, есеи, драми и две драмски-романсирани биографии на Верлен. Тој подготвува избори и пишува предговори за различни објави на поети. Соработувал со енциклопедии, што го збогатило неговото знаење како одличен читател и поет.

Помеѓу неговите поетски збирки се истакнуваат: Пофалба на една провинциска кујна, Ветениот живот, Збогум на шумските чистинки, Ситните безначајности чувани за совршени денови.

Од бројните награди кои ги добил за своето творештво, се издвојуваат следниве:во 1989 година наградата Маларме, во 2001 врвната награда за поезија на Француската академија, а во 2010 наградата Гонкур за целокупното негово творештво.

Член на Комитетот за читање и рецензирање ракописи на издавачката куќа Галимар.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото