Владата предлага намалување на филџаните за кафе во државните фирми за 10%

17.10.2019 19:19
Владата предлага намалуање на филџаните за кафе во државните фирми за 10%

 


Филџаните кои се користат на паузите за кафе во државните фирми и институциите ќе бидат намалени за 10% ако се усвои предлогот на Владата за штедење. Оваа мерка би требало да го подобри приливот на пари во буџетот.

„Намалувањето на филџаните кафе во државните институции е голема мерка која, особено во ваква ситуација, мора да се примени, за да се осигура дека домашната потрошувачка ќе расте и ќе остане стабилна. Ма колку и да сакате кафе на пауза, овде немаме избор“, рече Министерот за финансии.

Тој истакна и дека очекува, покрај намалувањето на обемот на филџаните, и четири конкретни проекти кои ќе ги спроведува Управата за пауза на работа кои ќе бидат финансирани од буџетот.

„Ќе воведеме единствени електронски обрасци за пауза за кафе, онлајн контрола на бројот на испиени кафиња, ќе биде зајакната теренската контрола и ќе биде спроведена темелна реорганизација на времето кое се минува во пиење кафе.“

„Бидејќи, како да го планираме работното време, кога не знаеме колку време отпаѓа на пиење кафе?“, запраша министерот.

Извор: njuz.net