Илузии во руини - фотографии на Ксиао Јанг

18.10.19 00:58

Ксиао Јанг доаѓа од Пекинг, Кина, а изминативе години патува низ светот фотографирајќи архитектура која отстапува од рамките на секојдневното. Во нејзините кадри таа ги претставува структурите во една посебна атмосфера – на граница помеѓу реалност и фантастика.

Споменик за Преспанското советување, Отешево / Ј. Грабулоски, 1973.

Споменик „Цветот на слободата“, Гевгелија / Ј. Грабулоски, Б. Колев, 1969.

Мермерно езеро, Прилеп

Следејќи ја темата на бруталстичките објекти таа поминува и низ Македонија, каде ги опфаќа апстрактните форми на Македониумот, спомениците во Отешево и Гевгелија, па дури и Мермерното езеро во Прилеп. Овие зданија, трансформирани во нејзините „илузии на руините“ добиваат целосно нов карактер, соодветен за било кој научно - фантастичен филм.

Македониум, Крушево / Ј. Грабулоски, И. Грабулоска, 1974.

Хотел „Европа“, Отешево

Мермерно езеро, Прилеп

„Создавање на надреалност во реалноста е фасцинантна и неискажлива игра за играње, и секогаш ме мотивира да продолжам со истражувањето“, пишува таа.

Мермерно езеро, Прилеп

Споменик „Цветот на слободата“, Гевгелија / Ј. Грабулоски, Б. Колев, 1969.

Извор: Фејсбук

 

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око

ОкоБоли главаВицФото