Читателски квиз за деца во Хрватска

18.10.2019 09:43
Читателски квиз за деца во Хрватска

 Националниот квиз за поттикнување читање во Хрватска се одржува повеќе од 20 години. Квизот има за цел дополнително да ги поттикне на читање децата од четврто до осмо одделение.

Секоја година се избираат три книги од домашната продукција за деца и млади, кои треба да се прочитаат за точно да се одговори на прашањата во квизот. Квизот се одвива онлајн, а од оваа година може да се решава и со паметен телефон. Децата можат да се вклучат преку националните и училишните библиотеки во Хрватска и во дијаспората. Освен книгите, за точно решавање на квизот се понудени и квалитетни извори на онлајн информации.

Победниците на квизот се одредуваат со случаен избор. Јавното извлекување на главни и утешни награди се одржува на завршна свеченост, во присуство на гости, деца, книжевници и учители. На настанот децата имаат прилика да се дружат со писателите чии книги ги читале за квизот. 

Квизот традиционално се организира во Месецот на хрватска книга. Овогодинешната тема на квизот е „Ритмот на растењето“, а избраните книги се „Лето на езерото на чичо“ од Јасмина Тихи-Степаниќ, „Поинаква“ од Ивана Гуљашевиќ Куман и „Ева, малата жена“ од Власта Голуб.

Извор: http://booksa.hr

ОкоБоли главаВицФото