Ниедна партија нема право да го киднапира МРО/ТМОРО/ВМОРО/ВМРО!

23.10.2019 15:09

23 октомври (стар стил) е датум кој не може и не смее да биде киднапиран од ниту една партија.

Најмалку од која и да е десничарска партија, затоа што на револуционерната организација МРО/ТМОРО/ВМОРО животот го посветиле многу левичари.

Левичарот Петар Поп Арсов е основоположник на МРО, автор на првиот устав и на првата брошура на МРО („Стамболовщината в Македония и нейните представители“).

Левичарите Гоце Делчев и Ѓорче Петров се автори на Уставот и правилниците на ТМОРО.

Дејноста на ТМОРО/ВМOРО е незамислива без левичарите Пере Тошев - Лефтер, Јане Сандански, Никола Карев, Димо Хаџи Димов, Димитар Влахов и многу други.

Во народната федеративна партија (која произлегува од левото крило на ТМОРО/ВМОРО во 2009) учествуваат Димитар Влахов, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Тодор Паница итн.

Во ВМРО (Обединета) формирана во 1925 учествувале истакнати имиња како Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Методија Шаторов – Шарло, Павел Шатев, кои подоцна се приклучиле на антифашистичката борба во која се изборивме за своја држава.

Да не должам, оти широка е темава - ниту една партија нема право на монопол на МРО/ТМОРО/ВМОРО/ВМРО, најмалку партијата која сега се срами од својот прв претседател Љубчо Георгиевски.

Жарко Трајаноски, Фејсбук, 23.10.19.