Модерната култура е плод на егзил, емигранти и бегалци

24.10.2019 00:48
Модерната култура е плод на егзил, емигранти и бегалци

„Прво не сакаме да нè нарекуваат „бегалци“, напишала Хана Арент во 1943 година. Тогаш веќе била во Њујорк. Една деценија порано побегнала од родната Германија. Откако првите години ги поминала во Париз, како „имигрант без документи“ (или со други зборови „илегално“) заедно со други Евреи била испратена во бегалски камп. Побегнала, стигнала прво во Португалија, а потоа во Америка.

Во есејот „Ние бегалците“, кој го напишала во 1943 година додека била вез татковина и корен, се обидела да го разјасни своето место во толпата невини раселени луѓе. „Пеколот веќе не е религиозно верување или фантазија, туку нешто стварно како куќа, камен или дрво“, напишала таа. „Очигледно никој не сака да знае дека современата историја создаде нова сорта на човечки суштества – онаа којашто непријателите ја сместуваат во концентрациони логори, а пријателите во бегалски кампови“.

Според проценките на Обединетите нации, денес во светот живеат 25,9 милиони бегалци, повеќе отколку што кога било уште од Втората светска војна, двојно повеќе отколку во 2012 година и тоа без неоадамна раселените граѓани на Венецуела ( се проценува декаоколу четири милиони луѓе ја напуштиле оваа земја).

„Don’t Cross the Bridge Before You Get to the River“, Francis Alÿs

Секој од нив има право на безбедност и азил според Универзалната декларација за човековите права, но малкумина се оние кои навистина го добиваат тоа. Катастрофите кои некогаш предизвикуваа хорор, добротворни акции и ветувања за промена сега поминуваат незабележан незабележано; неодамна брод се преврте во Средоземното море што предизвика смрт на околу 150 мигранти, без какво било меѓународно внимание. Арент, сè уште е во право: „Очигледно никој не сака да знае“.

Тоа се животи кои ја сочинуваат потресната и крајно сеиозната изложба „Топлината на другите сонца“, која беше отворена во Вашингтон. Во Музејот „Phillips Collection“ беа изложени дела на 75 уметници.

Пристапот кон миграциите е инспириаран од „Серија за миграциите“ на Џејкоб Лоренс од 1941 година и неговите прикази на внатрешните миграции на Афроамериканците.

Оваа изложба се фокусира на одреден вид мигранти: бегалците кои не ги преминуваат границите во потрага по некакви нови прилики, туку од страв за голиот живот. Во нејзиното средиште е Медитеранот, епицентарот на бегалската криза на оваа деценија. Мнозинството бегалци се Сиријци – дури 6, 7 милиони. Цртежите во готски манир на уметничката Ана Богигуан ги прикажуваат Сиријците западно од Бејрут, додека кинескиот уметник Лиу Сјаодонг во своето ателје на Лезбос ги насликал насмеаните и загрижени Сиријци. Други автори, како мексиканскиот фото репортер Гиљеремо Аријас се занимаваат со миграциите во Америка.

„Temporary Detention Center“, Adrian Paci

„Refugees 4” од Liu Xiaodong

Во просторијата со четирите апстракции на Ротко (Семејството на Ротко побегнало од Русија) се пуштат разговори со мексиканските мигранти.

Вредноста на оваа изложба е во преплетувањето на искрените прикази на бегалците со посмирени и поапстрактни уметнички дела. Тие го потенцираат дожувувањето на уметноста во изминатиот век во кој бегалците веќе не се некакви аутсајдери на маргините на глобалната култура, туку нејзини централни фигури.

На годинашното Биенале во Венеција, бегалската криза исто така беше важен мотив. Делото „Барка Ностра“ на швајцарскиот уметник Кристоф Бишел, всушност беше вистинскиот чамец во кој се удавија стотици мигранти.

„Barca Nostra,” од Christoph Büchel

Хана Арент пишувала дека со нејзината генерација се променила природата на бегалците. „Ние не сме направиле никакви злосторства. Повеќето од нас, никогаш ниту во сон немале никакви радикални ставови“, напишала во 1943 година. Бегалството било нужност на животот, а еврејските бегалци како Хана Арент, Ајнштајн, Фројд, Адорно и Леви Страус ги преобликуваа темелите на уметноста и општеството.

„Модерната западна култура во голем дел е плод на егзил, емигранти и бегалци“, напишал палестинско – американскиот филозоф Едвард Саид, кој побегнал од Ерусалим во Каиро, непосредно пред востанувањето на израелската држава. Кинематографијата на Били Вајлдер, Фриц Ланг, Марлен Дитрих и Милош Форман. Романите на Томас Ман, Владимир Набоков и Херта Милер. Музиката на Фреди Меркјури, Глорија Естебан. Сето тоа се дела на бегалци.

„Топлината на другите сонца“, самата модерна уметност ја замислува како своевиден бегалски камп во кој очајот и инертноста се преплетуваат со спомените на домот и семејството. Оваа изложба го содржи и неподносливо тешки дела како видео снимката на уметникот Еркан Озген во која глуви и неми деца се обидуваат да објаснат што преживеале од Исламската држава.

Erkan Özgen’s “Wonderland,” 2016.

Уште поважен начин да укажеме на занемарувањето е конечно да откриеме дека и самите сме наследници на бегалски приказни.

Тоа е стратегијата и на едно од ремек делата на денешната криза, филмот „Транзит“ на германскиот режисер Кристијан Пецолд, кој беспрекорно го транспонира романот од 1942 година за бегалците очајни да ја избегнат нацистичката окупација на Маресеј врз денешна Франција. Тој со едноставен јазик кажува: игнорирањето на беспомошните е непростливо, но не е ништо ново.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото