16 смртни казни за монструозно убиство на 19 – годишна девојка

24.10.2019 10:43
16 смртни казни за монструозно убиство на 19 – годишна девојка

Судот во Бангладеш осуди на смрт вкупно 16 луѓе за убиството на тинејџерката Нусрат Јахан Рафи. Ова судење било едно од најбрзите во историјата на државата, каде случаите се ршаваат и по неколку години.

Во април, годинава, оваа несреќна девојка ја полеале со бензин и ја запалиле на покривот на Исламското училиште, неколку дена откако го пријавила директорот за сексуално злоставување.

Меѓу осудените за убиството е и директорот Сирај Уд Дула, за кој полицијата тврди дека го наредил убиството додека бил во затвор. Исто така, осудени се и две други девојки, соученички на жртвата, три професори а и двајца локални политичари Рухул Амин и Максуд Алам.

Подготовките за убиството полицијата ги опишала како „подготовки на воена операција“ а ужасното злосторство предизвика масовни протести во целата држава.

Сè почнало кога на 27 март, директорот ја повикал девојката во својата канцеларија и почнал да ја допира по интимните делови на телото, таа истрчала надвор и истиот ден го пријавила во полиција.

Набрзо директорот бил уапсен, а во притвор го посетувале соработници на кои им наложил да се обидат да го заплашат семејството на девојката за да повлече пријавата. Но, тоа не им успеало па им наредил да ја убијат.

Апсење на директорот Сирај Уд Дула 

Соработниците го послушале и испланирале монструозно убиство. Во планот учествувале и професори и неколкумина локални моќници.

Случајот предизвика масовни протести во Бангладеш

Кога на 6 април, годинава, Нусрат ги полагала последните испити, нејзините напаѓачи ја намамиле на покривот на училиштето каде група луѓе облечени во бурки прво ѝ кажале да се откаже од пријавата и да потпише бел лист хартија, а кога таа одбила, ја полеале со керозин и ја запалиле.

Нивниот план бил ова да изгледа као самоубиство, но по некое чудо девојката преживеала уште неколку дена иако имала изгореници на 80 отсто од телото. Пред да почине на 10 април, успеала да раскаже што точно се случило и дека на покривот ја намамила некоја соученичка која ѝ кажала дека таму тепаат нејзина пријателка.

Извор: BBC