Наградените гифови на конкурсот на тема Книга

24.10.2019 10:44
Наградените гифови на конкурсот на тема Книга

На конкурсот за гифови на тема КНИГА добивме педесетина гифови од 18 автор(к)и.

Наместо десет решивме да наградиме дванаесет луѓе: Мирјана Лозановска, Верица Пиперевска, Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Небојша Гелевски, Вања Штркова, Теодора Темелковска, Александар Илиевски, Димитар Грчев, Ема Велковска, Марија Дичова и Бојан Митевски.

Без награди, овојпат, за жал, останаа Никола Тикоски, Марија Ангеловска, Вера Христовска, Теа Дуза, Ико Илиевски и Емилија Карафилоска.

И уште една мала измена реши да направи жирито: издвоивме пет најдобри гифови, наместо три.

Вкупниот награден фонд го зголемивме и изнесува 42.000 денари.

Шестте најдобро оценети гифови заслужија по 4000 денари, а другите шест по 3000 денари.

Од вкупно пристигнатите педесетина гифови барем половината заслужија да бидат наградени. Заради тоа сме задоволни од конкурсот. Задоволни сме и од различните стилови, од креативноста, вештите цртежи, добрите идеи, техничката изведба, експерименталниот дух...

Им честитаме на наградените и им благодариме на сите луѓе кои ни ги испратија своите дела.

Во текот на ноември (или можеби во декември, на малиот новогодишен саем на книгата) негде во Скопје ќе направиме скромно претставување на конкурсов, ако ништо друго да се запознаеме меѓусебно :)

Ако Окно продолжи, ви ветуваме уште вакви конкурси!

Во име на жирито, главниот уредник на Окно,

Никола Гелевски


ДВАНАЕСЕТТЕ НАГРАДЕНИ ГИФОВИ

Гоце Илиевски, Лотос

Владимир Илиевски, The Book of All

Мирјана Лозановска, Билдај мозок

Верица Пиперевска, Book Lover

Небојша Гелевски, Читачот

Димитар Грчев, Stepping up the ladder

Вања Штркова, Чекајќи го Годо

Александар Илиевски, Плажа

Теа Темелковска, Staying in

Марија Дичова, Ловење

Ема Вeлковска, Преобразби

Бојан Митевски, Ризница

Насловниот гиф: Верица Пиперевска, Time for me

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото