Фотограф пронашол исчезнато дете со помош на дрон и термална камера

26.10.2019 02:01
Фотограф пронашол исчезнато дете со помош на дрон и термална камера

Фотографот Стив Фајнс е прогласен за херој откако со дрон и термална камера успеал да лоцира шестгодишно дете, кое изчезнало во Шербурн Каунти, Минесота.

Мисијата за пронаоѓање и спасување на детето започнала кога шестгодишниот Итан Хаус, пред исчезнал на 17 октомври, заедно со неговото куче во близина на неговиот дом во Клир Лејк. Во потрагата учествувале 600 луѓе, но ноќта температурите паднале под нулата па потрагата станувала сѐ потешка. Во тој момент се појавил Стив Фајнс со својата опрема.

Тој се вклучил во потрагата околу 21 и 30 часот ноќта, откако волонтерите нашле отпечаток од стапало кој го насочил Фајнс во вистинската насока. „На термалната камера видов форми за кои сметав дека се детето и кучето“, рече Фајнс. „Полицајците испратија екипа за да провери“.

Иако Фајнс беше прогласен за херој во медиумите, тој испрати порака дека спасувањето е резултат на заеднички напори на целата заедница и шерифот на Шербурн Каунти.

Извор: petapixel.com

 

ОкоБоли главаВицФото