Почнува фестивалот „Десонанз 2019“

28.10.2019 14:49
Почнува фестивалот „Десонанз 2019“

Низ 6 фестивалски денови програмата оваа година поврзува и обединува повеќе жанрови на уметност и стилови на музика.

Вечерва почнува фестивалот за современа музика и експериментална уметност - Desonanz Festival 2019, кој во периодот од 28 октомври до 2 ноември ќе се одржи на повеќе локации во Скопје. Настанот кој го отвора годинешното издание на фестивалот, мулимедијалниот перформанс на Марија Божиновска Џонс, ќе се одржи во Кино Фросина (МКЦ) со почеток во 21 часот.

Во својата 11-та година, „Desonanz Festival“ 2019 влегува со децениско искуство, но и нова свежина и обновен глад за релевантна и современа музика во Скопје. Низ 6 фестивалски денови, програмата оваа година поврзува и обединува не само повеќе жанрови на уметност и стилови на музика, туку и воспоставува временски нишки низ историјата на експерименталната уметност и електронската музика од своите рани искри до денешницата.

Десонанз фестивалот е организиран во соработка и партнерство на Гете-институт Скопје и 3.14 Брокули - Скопје. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Програма: 

28.10.2019 / Понеделник / Кино Фросина (МКЦ) - 21:00
мултимедијален перформанс "On Selfhood" - Marija Bozinovska Jones (UK). Глас: MBJ Wetware, Музика: J.G. Biberkopf
концерт: Shaddah Tuum (САД / Франција)

29.10.2019 - Вторник / Музеј на Град Скопје - Соба со Артефакти (21:00)
Концерт, прослава на 10 години работа на македонската издавачка куќа за амбиентална и експериментална музика AMPEFF Records, со настап на Мартин Георгиевски (Amplidyne Effect) во придружба на Владимир Мартиновски и Соња Димитриоска

30.10.2019 - Среда / Музеј на Град Скопје - Голема Сала (21:00)
Проекција на немиот филм на "From Morn to Midnight" (1920) од Karl Heinz Martin и изведба на нов саундтрак на филмот, компониран и изведен во живо од интернационалното електронско трио T-Scale, Ogie и Kronom. Ова е светската премиера на дело создадено под покровителство на Desonanz.

31.10.2019 - Четврток / Клуб Минус 1 (00:00)
Клубска вечер со гостување на германската диџејка Пилочка Крач, ресидент диџеј на легендарниот берлински клуб Bar25.
Pilocka Krach (Германија) + Ивана Драгшиќ (МК)

01.11.2019 - Петок / Клуб Минус 1 (00:00)
Клубска вечер со гостување на еден од историските артисти и диџеи на Берлин – Саша Функе
Sascha Funke (Германија) + T-Scale (Белгија) + Martchin (МК)

11.12.2019 - Среда / МКЦ - Денсинг Сала (21:00)
Мултимедијалeн + танцов перформанс: Ивана Коцевска - "Kintsugi"
(светска премиера, делото е создадено под покровителство на Desonanz)
Концерт: OAKE (Германија)
Концерт: parhelic shell (Франција)

 

ОкоБоли главаВицФото