ПичПрич во Велес

29.10.2019 15:01
ПичПрич во Велес

Утре (30 октомври), со почеток од 20 часот, во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, ќе се одржи вечер на раскажување женски приказни ПичПрич на тема: Моето место.

„Пичприч овојпат се одржува во Велес, поранешен Титов Велес, град во централниот дел на земјата кој последнава деценија во јавноста беше главно познат по скандалите со Топилницата, Франкфурт мафија, и најсвежо – изворот на лажните вести што наводно го доведоа контроверзиниот Трамп на власт во САД.

Затоа јас избравме темата „Моето место“, и како алузија на трауматичното минато на овој град, но и со цел да го покренеме прашањето за тоа каде е местото на жената во општества како нашето“, велат организаторките.

Овојпат раскажувачки се Калина Малеска, писателка, професорка по книжевност и книжевна преведувачка, Теа Шалдева, скопска артистка и диџејка, Теона Митевска, режисерка, Даница Ивановска Лепојевиќ, поетеса, психолог, активистка, Далиборка Златева, економистка, долгогодишна невладина активистка, хуманистка и борка за човекови права за лицата со попреченост и Ленче Здравкин, хуманитарка. Водителки се Румена Бужаровска и Ана Василева.

Настанот е во организација на ПичПрич (Румена Бужаровска и Ана Василева) во соработка со Тиииит.Инк

ПичПрич се феминистички раскажувачки настани чија цел е да ја продолжат женската усна историја и да ги промовираат и нормализираат женските искуства.
Настанот е поддржан од Шведската фондација Квина тил Квина.

ОкоБоли главаВицФото