Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил Фестивал 2019“

29.10.2019 16:35
Отворен повик за пријавување филмови за „Мобил Фестивал 2019“

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за 10.издание, кое чија финална вечер со прогласување на победниците ќе се одржи на 6 декември во Скопје во Кинотека на Северна Македонија.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал“.

Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување - 20 ноември 2019 година.

Филмовите може да се пријават на следниот мејл: mobifestkonkurs@gmail.com

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди:
-Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“,
-Награда за најинвентивен филм
-Награда за најоригинална приказна
-Награда за најдобра идеја
-Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил Фестивал“.

Организатор на „Мобил Фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“.