Да ги социјализираме банките

30.10.2019 00:55
Да ги социјализираме банките

Денес многумина се загрижени заради банките. Европските банки како што се германската Дојче Банк, француската Сосиете Женерал и италијанската Монте ди Пасквале, да не зборуваме за банките кои во живот ги одржува државната помош, изобилуваат во сиромашните периферии на еврозоната, Грција, Португалија и Шпанија. На овие банки се гледа како на слаба алка на глобалниот капитализам, способни да предизвикаат голема финансиска нестабилност ако банкротираат.

Тоа не е особено изненадувачки. Банките се наоѓаа во средиштето на последната криза, и тоа уште од самите почетоци. Навистина, пазарот на заеми и кредити не ја предизвика деструктивната финансиска криза во 2007 и 2008 година, туку тоа го направи неговото влијание на поголемата инвестициска банка, Леман Брадерс. Пропаста на оваа банка и одбивањето на државата да ја спаси банката, создаде кредитна криза заради која финансискиот сектор, како и светската економија, зачекори по патот на стреловитото пропаѓање.

Како што кризата ја зафаќаше еврозоната, банките повторно беа во епицентарот. Товарот на долговите на периферните држави и нивниот просперитет го загрозуваа бонитетот на европскиот банкарски сектор. Европските банки, веќе оптоварени од горчиливите американски вложувања, меѓу другото се соочија со колапс. Ги спаси единствено банкарскиот долг наместо државниот, задолжен кај ЕУ и ММФ во замена за остри мерки за фискално штедење.

Па денес повторно се соочуваме со уште еден потенцијален бран за пропаѓање на банките. Долготрајната нестабилност уште повеќе ја нагласува празнотијата на ветувањата на земјите од Г20 дека финансискиот сектор ќе се реформира од 2008 до 2009 година.

Реформата на банките законски е одобрена во Европа и Америка. Законот Дод-Френк во Америка, препораките на работната група на Ерик Ликанен во Европската унија и, најпосле, регулативата Базел 3 на Bank of International Settlements го зголемија капиталот и барањата за ликвидност и создадоа нови механизми за решавање на проблемите на банките.

Но, откако помина иницијалниот шок заради кризата, банките лобираа да се заобиколат правилата и надзорните тела поставија мошне ниски очекувања за нив. Накратко, банките продолжија по свое, но сега во такво финансиско опкружување во кое банките претставуваат многу поголем системски ризик за светската економија од претходно.

Левицата и кредитот

И каде е сега левицата, кога на банките им е добро?

Изгледа ја нема никаде. Во најразвиените капиталистички земји не отиде подалеку од апологетски став и ја пропушти приликата која ѝ ја пружи кризата. Предлозите кои ги имаше, а кои се однесуваа на финансискиот сектор, во најдобар случај беа слаби, ограничени на мерките за регулација и оданочување, како што е популарниот „Тобин Такс“ (концепт на економистот Џејмс Тобин, кој претставуваше земање даноци при конверзија од една во друга валута).

Од друга страна, прашањата кои се однесуваа на организирањето и водењето на банките не се ни поставуваа. Левицата се согласи со аргументот „нека пропаднат“, или ги прифати бенигните либерални решенија како што е... (тоа недостасува, како и во насловот). Заради сето тоа, не успеа да придонесе во дискусиите за клучните институции на модерниот капитализам.

Причината за тоа треба да се побара во темелниот недостаток на левицата: нејзината неспособност да осмисли и имплементира нови идеи кои ќе ѝ користат на работничката класа. Но, тенденцијата на левицата за неучество во дискусиите за банките и финансиите има корени и кај други фактори.

Од една страна, левицата премногу зборува за производството, а премалку за циркулацијата, односно за сферата во која се наоѓаат финансиите. Затоа улогата на финансиите е послабо истражена и отфрлана како Понциева шема (начин на инвестициска измама) кон која прибегнува капиталот кога е соочен со „структурална блокада“ во сферата на производството.

Истовремено (особено од 2008 до 2010), левицата беше мошне сомничава кон кредитите, сметајќи ги за инхерентно зло кое треба да се заузда. Но, додека влијанијата на финансијализацијата беа страшни за многу обични луѓе, кредитот е централен за секоја економија, капиталистичка или некоја друга.

Како што рече политичкиот економист Костас Лапавитас, потеклото на кредитот е во предкапиталистичката размена на добра (храна и облека), а се изразува во форма на интеракција помеѓу оној кој позајмува и оној од кого се позајмува: едниот знае нешто за материјалните околности на другиот и потоа одлучува дали ќе влезе во врска дефинирана со „ветување да се плати“.

Во капитализмот, во кој позајмиците се честа појава и кои банките редовно ги издаваат, општествените односи во позадината на кредитите се мошне деперсонализирани. Личностите кои позајмуваат се повеќе хомогенизирани и нивната платежна способност може да се измери со божем објективните критериуми на дневните кредитни статистики. Банките ги интегрираат и ги активираат овие критериуми - информации недостапни за останатите економски учесници - заради својот привилегиран увид во финансиското работење.

Достапноста на информацијата за постоење или непостоење платежна способност на оној кој позајмува ги става банките во моќна позиција, а тој уште повеќе е окуражен од достапноста до другите информации - сметководството, управувањето со имотот и размената на странски валути - кои не се дел од односот на позајмувањето, но се наоѓаат во средиштето на инвестициското банкарство.

Областа во која делуваат банките (и во која се натпреваруваат) е во оптек од седумдесеттите. Либерализацијата, дерегулацијата (и capital-friendly ре-регулацијата) на финансиските пазари и враќањето на јавните служби во нивната претходна состојба се здружија со новите технологии за да создадат потполно нови финансиски пазари, производи и учесници.

Од друга страна, финансискиот приход се прошири на сѐ повеќе сектори, вклучувајќи го и станбениот (во форма на плаќање хипотеки), пензиите (провизии и надомести наплатени од приватните пензиски фондови), па дури и на комуналиите (акциите и слични механизми за финансирање на инфраструктурата).

Традиционалното банкарство не се повлече заради напредувањето на пазарот на капитал и појавата на нови финансиски учесници. Новите пазари кои ги отвори јавната политика, новите начини на пристап до кредити и побрзиот пристап до информациите за банките едноставно претставуваа нови клиенти на кои ќе им позајмат пари - како, на пример, домаќинствата, кои станаа главни корисници на позајмици во најразвиените земји, особено во форма на хипотеки.

Исто така, банките влегоа на профитабилниот пазар за управување со заштедите и финансиските средства, заради што банките станаа поголеми, со растечки буџет и профит.

Современите држави го помогнаа растот од овој тип со финансијализацијата на глобалната економија, ширејќи го своето поле на делување надвор од конструкциите на новите финансиски пазари или со пренасочување на провизијата на различни добра и услуги во корист на капиталот. Денес банките уживаат целосна доверба од владите.

Причината за тоа е јасна - преку депозити, банките денес ги одржуваат „ветувањата за плаќање“ кои имаат пократок рок на траење од имотот или средствата (туѓи ветувања за плаќање) или, едноставно кажано, должат повеќе отколку што имаат. Оваа нерамнотежа е извор на потенцијална кршливост, како што беше очигледно со недостатокот на ликвидност во 2008 година.

За да ги спречи циклусите на раст и пад, државата овозможи финансиско прибежиште преку контролирање на снабдувањето со пари. На банките им беше даден ексклузивен пристап до централните банкарски резерви, кои банките ги користат за отплата на своите долгови. Со доделување на правото банките да создадат кредит (и пари) - право кое го немаат другите економски учесници - државата им дава на банките неизмерна моќ над остатокот од економијата.

Случајот со јавните банки

Посебниот однос помеѓу државата и банките стана појасен во времето на неодамнешниот економски колапс. Како што се губеше довербата во пазарот со пари, банките стануваа зависни од државните институции само за да преживеат, а за нивната успешност и да не зборуваме.

Банките се потпираа на позајмици од централните банки за да го одржат своето несовпаѓање во ликвидноста, инаку ќе банкротираа. Владите го вратија нивниот бонитет преку итни програми. Државата купи безвредни средства кои ги чинеа милијарди долари (како програмата Troubled Asset Relief во Америка, на пример) и додаде регулаторен капитал преку контингентни обврзници (како што беше случај со „привремените“ национализирања во Велика Британија).

Државата им пружи субвенции на банките со зголемување на осигурувањето на депозитите и спроведување дотогаш неиспробани програми за квантитативни олеснувања кои на банките им овозможија безбедно купување средства, со намалување на каматните стапки, на тој начин намалувајќи ги трошоците за финансирање на банките.

Трансферот на јавните ресурси кон банките беше невообичаен. Па повторно, мерките за спасување беа камуфлирани во финансискиот вокабулар и беа прикажани како политички неизбежни. Иако неколку политичари зборуваа против нив, не ги критикуваа премногу.

Но, тоа би можело да се промени.

Секако, јавните банки не се никаква новост. Ги имаат многу земји, како на пример, Германија и Франција или во форма на комерцијални или развојни банки кои им даваат позајмици на посебните економски сектори.

Но самата јавна сопственост не е доволна за отстранување на капиталистичките кризи. Овие банки често се однесуваат исто како и приватните или ги контролираат бирократиите кои им служат на приватните интереси.

Едноставно кажано, јавната сопственост на банките е потребна, но не е доволна.

За да може јавната контрола да стане еманципаторска, таа делумно мора да има широка перспектива која ќе ја преобликува практиката и употребата на кредитите врз основа на егалитаризмот. Приватните финансии промовираа комодификација на клучните сектори (и ја обликуваа нивната организација), како што се образованието и здравството. Преземањето контрола над кредитот мора да подразбира демократизација на овие основни сервиси.

Кога станува збор за управувањето со банките, не е доволно само да се одредат јавни службеници за извршување на оваа работа. Улога во управувањето мора да имаат синдикатите, социјалните движења (како потрошувачките организации), изгласаните претставници од локалните и централните влади. Прогресивната финансиска политика може да биде впрегната тогаш кога сите овие актери, кои имаат специфични знаења и интереси, ќе добијат моќ на одлучување за провизиите на кредитите.

При разгледувањето на прашањето за природата на современите финансии, секој план кој се однесува на социјализирањето на кредитниот систем и реформата на односот помеѓу парите, кредитите и државата, мора да се земат предвид мошне нееднакво распоредените односи на моќта кои ја карактеризираат глобалната економија.

Америка со својот долар ја контролира квази-светската валута која се користи за подмирување на долговите, дури и оние на економските актери кои не се Американци. Тоа на Америка ѝ дава моќ над светската економија, која не може да се спореди со ниедна друга земја.

Америка преку своите банки ги контролира квантитетот и цената на доларот кои се користат (каматни стапки) ширум светот. (Еврото, кое првенствено го контролира Германија, исто така игра голема улога).

Во тој контекст, секој што ќе се обиде да го социјализира кредитниот систем мора да ја има на ум специфичноста на одредени земји - како тие се интегрирани во светската економија и како може да бидат откинати од финансискиот ланец и да добијат простор кој е потребен за развивање сопствени економски и општествени одлуки.

Нивниот надворешен долг и странската валута претставуваат окови со кои треба да се соочуваат секојдневно, случај по случај. На пример, тешко е да се замисли како периферна земја во рамки на еврозоната може да ги национализира своите банки и истовремено да го остави еврото недопрено, како може да стекне суверенитет на својата валута, да ја прекине независноста на централната банка и да воведе строга контрола над капиталот.

По низа години финансиска криза, растечка нееднаквост и „секуларна стагнација“, дојде време левицата да го унапреди својот егалитаристички проект кој ќе ги стави финансиите во средиштето на своето дејствување. Секоја земја би требало да осмисли сопствен социјализиран кредитен систем, но целта ќе биде јасна во сите земји - поегалитарен, подемократски меѓународен економски поредок.

Слики: Banksy Street Art

Извор: https://jacobinmag.com

ОкоБоли главаВицФото