На односите понекогаш им треба пауза

30.10.2019 14:49

На односите понекогаш им треба пауза.
Она време за еден без друг.
Да видиш дали дишеш подобро или потешко, дали тој вишок воздух ти одговара или ти е товар.
Да видиш дали столот што повторно го присвојуваш има корист за барем да дигнеш нозе на него или ти е товар, сепак би сакала некој да седи на него.
Да видиш дали во текот на таа пауза си без текст или ти надоаѓа инспирација од секаде.

На односите понекогаш им треба пауза.
Доволно долга за прашањата да станат одговори, доволно кратка за да не стане заминување.

На односите понекогаш им треба пауза.
Да видиш дали просторот и времето те болат повеќе или помалку сега откако си сам(а).
Да видиш дали идеите стануваат реализација со или без таа личност.
Да видиш дали имаш празен простор во глава и време кое ти е од корист или те гуши во таа пауза.

На односите понекогаш им треба пауза.
Бидејќи на некои луѓе баш таа пауза им ја отвора вратата која се плашеле да ја отворат.
А некои луѓе, откако ќе поминат низ таа врата, никогаш веќе не се враќаат.

За нив паузата е карта во еден правец.

Затоа на односите понекогаш им треба пауза. Бидејќи љубов е и кога некој си заминува. Таму каде што мисли дека е подобро или поубаво. А љубовта баш тоа и го посакува, зарем не? На оној кој го сакате да му биде - подобро и поубаво.

Превод: Ивана Галапчева

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото