Пичим изазвана

01.11.2019 17:22
Пичим изазвана

 

Пичим изазвана.

 

Ми истече кафето. Баш се осеќам ѓезвезе.

 

Се осеќам ко жуфчанка.

 

Имам многу цврц карактер.

 

Остави ми повеќе шотови на маса, полиголт сум.

 

Се тргнав настрана од себе за да не си стојам на патот, си автостопирав па си се качив на глава.

 

Сево ова е пошо изгледа немам појма, јас друго објаснување немам.




Чекам да направам нешто.

 

Се изглупирав за да ме пофалат.

 

Си приуштувам бламирања за да имам причина да се надминувам себе.

 

Му попуштам на животот зашто знам дека сака да ме утепа.

 

Умирам по потреба.

 

Да доумрам и идам.

 

- Не ти е мучно со дуксерче на топлово?
- Памучно ми е.



Фотографии: Alena Zhandarova

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото