Промоција на книга од Златко Славенски

01.11.2019 17:49
Промоција на книга на книга од Златко Славенски

На 2. ноември (сабота) со почеток во 19 часот, на Факултетот за драмски уметности во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „ТВ БОКС Теоретски прилози и филмско сценарио“ на режисерот Златко Славенски, кој ненадејно почина на 8 април, годинава. Издавач на делото е Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Книгата го опфаќа истражувањето на авторот кое требаше да биде негов докторски труд на тема: „Адаптација на драмски текст во филмско сценарио“, кој тој не успеа да го одбрани поради неговото прерано заминување. Книгата е сочинета од два дела: теоретски прилози и филмско сценарио „ТВ БОКС“, кое е адаптација на авторот од истоимениот оригинален драмски текст напишан од него и петмина актери кои беа вклучени во целото истражување.

Филмското сценарио „ТВ БОКС“ е резултат на долгогодишното истражување на авторот кое започнува со пишување драмски текст „ТВ БОКС“ и негово вообличување во театарска претстава, потоа адаптирање на истиот во ТВ сценарио и снимање на истоимениот ТВ серијал од пет епизоди и, конечно, адаптирање на драмскиот текст во филмско сценарио „ТВ БОКС“ кое сега излегува од печат. Ваквиот развој и завршница на овој концепт е значаен за пошироката јавност и поради уметничко-истражувачката вредност, но и поради својата отвореност, а книгата останува како трага и сведоштво за извонредно богатиот и сложен екпериментирачки дух на нејзиниот автор.

Промотори на книгата ќе бидат: проф. д-р Сашко Насев, проф. д-р Александар Прокопиев и проф. д-р Небојша Вилиќ.

 

ОкоБоли главаВицФото