Мојот пријател Богдан Богдановиќ

02.11.2019 00:32
Мојот пријател Богдан Богдановиќ

„Богдан Богдановиќ го запознав уште како студент, во Љубљана, кај големиот архитект Едвард Равникар, инаку ученик на Јоже Плечник.

Кога прв пат го видов, според некоја негова енергија, си помислив дека е брокер од Лондон, дека дошол од берзата. Беше облечен во црно, со чадор во раката и шешир на главата, всушност повеќе наликуваше на некој денди. Потоа подобро го запознав во Белград“, се потсетува архитектот Борис Подрека за своето дружење со познатиот автор на Камениот цвет во Јасеновац, архитект, писател, надреалистички уметник, своевремено и градоначалник на Белград и политички дисидент.

Во Музејот на современа уметност во Загреб, во тек е изложбата „Мисли и соништа“ на Богдан Богдановиќ, на која се претставени негови помалку познати дела и разни предмети, кои се дел од донацијата на брачната двојка Аница и Мафред Мацка и на Борис Подрека на Музејот на современа уметност.

Судирот со Милошевиќ

Авторката на изложбата, Наташа Јовичиќ го претставила уметникот преку неговиот помалку познат опус, а непосреден повод е деветгодишнината од смртта. Богдановиќ починал во 2010 година, Виена, каде се отселил по неговиот судир со Милошевиќ, бидејќи не се согласувал со неговиот национализам.

Борис Подрека се потсетува на доаѓањето на Богдановиќ во Виена:

„Додека беше градоначалник, често носев во Белград познати имиња на архитектурата, како на пример, Алдо Роси; често соработувавме. Подоцна, во времето на Слободан Милошевиќ, Богдановиќ одби да биде член на Академијата во Србија. Кога дојде во емиграција, му најдовме стан, му помогнавме да се смести. Беше ерудит, космополит, голем Европеец и беше последниот меморијалист, такви веќе нема. Со голема ерудиција знаеш да раскажува за грчката архитектура. Во последните години од животот постигна голем меѓународен успех, тоа му беше драго, го канеа на многу гостувања, од Амстердам до Париз. Сепак, носталгијата била често присутна кај овој политички дисидент. „Имавме обичај да се шетаме по Виена, а тој ќе застанеше и ќе погледнеше во Дунав. Знаеше дека тој дел од реката за неколку часа ќе биде во Белград“, вели Подрека.

Борис Подрека

Поканата на Митеран

Значи му недостасуваше Белград? „Апсолутно и неговите луѓе, пред сè многумина книжевници со кои беше пријател“. Подрека понатаму кажува дека голема поддршка при преселбата во Виена имал од сопругата. „Без сопругата, тешко дека ќе можеше да се пресели. Нему главата му беше во облаци. Беше многу омилен и сакаше да се дружи, на него се сеќаваше и мајка ми, малкумина се таквите луѓе. Особено го забавуваше друштвото кога ќе се појавеше некоја убава жена“.

На Богдан Богдановиќ, во австриската престолнина, освен тогашниот градоначалник, многу му помогнал и Ханес Свобода. „На почетокот и јас му помага додека не се снајде. Му подарив маса за цртање, прибор, триаголници што му беа потребни“, вели Подрека. Токму таа работна маса, Богдановиќ ја користел сè до смртта и сега е дел од изложбата во МСУ, реконструирана токму така како што ја затекнале, со геометриски прибор, неколку книги, едно интервју за весник и црно бела фотографија од споменикот во Јасеновац.

Борис Подрека бил чест гостин во домот на брачната двојка Богдановиќ. „Знаете ли што е пребранац? Не? Тоа е запечен грав со кромид и многу сакам тоа јадење, а госпоѓата одлично го подготвуваше. Една вечер, седев кај нив и околу 10 часот заѕвони телефонот. Богдановиќ почна да зборува француски, кој одлично го говореше. Од другата страна беше Франсоа Митеран (тогаш претседател на Франција). Слушнал дека Богдановиќ бил ограбен во метро во Париз. Му рече дека му е жал, го покани да дојде во Франција, му нудеше стан. Но, Богдановиќ не сакаше да оди. Во Виена беше Дунав кој го поврзуваше со Белград, неговиот роден град“.

За работната маса и белешките изложени во Музејот, Подрека вели:

„Имаше свој простор и твореше. Беше голем цртач. На масата чуваше книги од кои се инспирираше. Пишуваше и белешки. Кога човек ќе се опушти самиот на себе си е психијатар. Ги расчисти мислите, беше тоа и негова интроспекција. Имаше длабочина во неговиот цртеж“.

Освен работната маса, на изложбата можат да се видат и разни ракописи од Богдан Богдановиќ. Меѓу нив е и ракописот насловен „Подготовки за писмо до Милошевиќ“. „Веднаш по тоа писмо почнува прогонот на Богдановиќ. Беше затворена Школата на радоста во Мали Поповиќ (Јагодина), каде се собираа најдобрите студенти по архитектура и создаваат чуда, а кои Богдановиќ ги обожуваше. Своите мисли ги пишуваше на машина за пишување, а потоа ги поправаше со обичен молив. Запишуваше многу аформизми, разни мисли...“ На пример: „Архитектурата веќе не е симпатична бесмислица. Архитектурата е книга“. Пишувал и за кривите кули во Болоња, за своето последно предавање.

По неговото доаѓање во Виена, средната го прифатила и издал неколку книги во соработка со австриски издавачи. Многубројни негови дела денес се наоѓаат во виенскиот Центар за архитектура (Architekturzentrum) и кога се одржуваше големата изложба во њујоршката МоМА за архитектурата на територијата на поранешна Југославија, токму од виенскиот центар биле позајмени делата на Богдановиќ. На изложбата прв пат во јавност е прикажано неговиот ракопи кој бил неговото последно предавање на факултетот во Белград. Изложен е и оригиналот од неговото писмо до Милошевиќ.

Извор: jutarnji.hr

 

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Никола Гелевски
Стрип / Култура / Историја
Европа / Балкан / Став / Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото