прекин на струјата на полноќ

04.11.2019 10:10

мракот дојде
само миг порано
да ја изгасев сијалицата и да ја ставев
главата врз перницата мракот нас
спокојно ќе нѐ обвиеше ќе ги спуштев
дланките на твојот стомак и по тобоганот
од твоите тивки движења ќе се лизнев
во сон вака мракот дојде
одненадеж пукна и немаше
избор нѐ затекна и нѐ тресна
во тишина во незнаење и во невид
мигот кога престанува
сигурноста во границите на сопствените тела
а желбите би можеле да тргнат
во непознат правец
би можело да се изгуби името
името би можело да се пронајде

Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото