Пол Кле како гиф-уметник

05.11.2019 20:26
Пол Кле како гиф-уметник

 
Судејќи по неговите дела, убеден сум дека кога Пол Кле би работел денес, тој би бил аниматор или гиф-уметник. Неговите слики не само што оддаваат впечаток на графички дизајн (сепак предавал на Баухаус) туку и многу од нив оставаат силен впечаток на движење, изразено на разни начини. Аргумент за тоа е и неговата многу цитирана мисла: „Линијата е точка што тргнала на прошетка.“

Делата на Кле се полни со вакви примери. Дел од движењето во неговите слики може да се должи на фактот што музиката била силен елемент во неговиот живот и се обидувал да ја пренесе во визуелната уметност.

На пример, Кле направил многу слики каде геометриските форми се градирани по боја, што силно асоцира на движење. Речиси делува како да сакал да направи анимација, но ги немал алатките за тоа. Овие можам да ги замислам како анимирани гифови, кога би можел да користи After Effects или Processing.




Подолу е варијација каде употребува боја и квадратната форма за да наслика движење кон центарот, како геометриски гиф.

Понекогаш додава и стрелки кои како да означуваат означуваат движење, но и потсетуваат на икони давајќи ѝ на сликата карактер на графички дизајн.





Кле многу би уживал во кинетичка типографија. Сликата подолу е песна испишана со високо стилизирани букви кои треперат во судирот помеѓу боите.

На следната сликата гледам современ анимиран инфографик или можеби дел од едукативна анимација. Во таквите илустрации обично се користат текст и броеви за пренесување информација.

Пол Кле е само еден од значајните уметници од минатиот век кои внесувале движење во статичен медиум. Во таа низа би можеле да се вбројат и кубистите, Џексон Полок и Сај Твомбли.

Извор: https://the-art-of-animated-gifs.tumblr.com/

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Книжевност / Уметност
Книжевност / Уметност
Фотографија / Уметност
Книжевност / Стрип / Уметност
Мода / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото