Сеќавање на Милан Младеновиќ

06.11.19 01:54

Легендарниот белградски и југословенски рок музичар Милан Младеновиќ (21. септември, 1958 - 5 ноември, 1994) е еден од основачите на култните групи Шарло акробата, Катарина II и Екатерина Велика. Неговите песни и денес, 25 години по неговата смрт сè уште се актуелни во целиот регион.

Во Србија каде се одржуваат редица настани во чест на Младеновиќ, споменот на него најверно го одржува групата „Деца из воде“, која во текот на цел месец ноември ќе одржи концерти низ Србија. Од 21 септември, годинава востановена е и регионална награда што го носи неговото име, а која се доделува за музичко дело од исклучително значење. Во 2011 година Младеновиќ доби плато во Белград со неговото име – на просторот во Дечанска улица пред влезот на Домот на младите.

 

Извор: Youtube

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото