Еко герила: Еколошките инспектори го немаат потребниот авторитет

07.11.2019 04:22
Еко герила: Еколошките инспектори го немаат потребниот авторитет

Загадувачите треба решително да се казнуваат и од еколошките инспектори да се тресат онака како што се тресат од инспекторите на УЈП, оценува Аријанит Џафери од организацијата Еко герила во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат.

„..Јас направив прекршоци во сообраќајот, платив три казни и веќе не ги правам тие прекршоци. Ми наштетува економски, на џебот и нема да го правам веќе тоа. Додека загадувачите се толерираат, или поминуваат со забелешка, па и без тоа. Гледаме дека истите загадувачи го повторуваат загадувањето од ден на ден. Значи нешто не функционира. Затоа е важно Инспекторатот за екологија да биде порешителен, да има потребен авторитет. За да го објаснам подобро, ако еден бизнисмен види дека влегуваат во негов локал инспектори од УЈП, се тресе. Треба да се тресат и од инспекторот за екологија. Го велам ова независно како ќе се коментира надвор“, рече Џафери.

Извор: Алсат

 

ОкоБоли главаВицФото