Љубовна зора

07.11.2019 11:03

Љубовна зора е, а ти треба уште да ја искачуваш планината;
нека не те фаќа страв: само на почетокот си на своите маки.
Во караванот на утрото одѕвони овој крик:
„Разбудете се, мрзливи, ние заминуваме, а вие спиете!“
Оваа неплодна земја нема да ти даде ни трева, ни плодови:
зошто тогаш во неа да ги садиш семките на копнежот,
да ја работиш и да се мачиш?
Времето е поскапо и од убавината на Јосиф;
зошто да го трошиш, о Мир? Оти за него тоа не се враќа.

Една вечер отидов во дуќанот на дувачите на стакло и ги прашав:
„О вие што изработувате пехари, да не имате случајно чаша што има облик на срце?“ Тие почнаа да се смеат: „Бадијала ти е тоа што го бараш,
О Мир, секој пехар што го гледаш, тркалезен или јајцевиден, секоја чаша
беше срце што го стопивме на огнот и го издувавме во пехар.
Сѐ е тука пред тебе што го гледаш: нема чаша“.

Ти си само меур од пена
во оваа река што бурата ја бие;
еднаш штом ќе ги отвориш очите,
светот ќе ти се причини сон.


Превод: Елизабета Трпковска

Мухамед Таkи Мир (1723-1810) - поет кој пишувал на јазикот урду. Живеел во Индија, во 18 век, и е еден од пионерите што му дале форма на урду јазикот. Бил еден од главните поети на „Делхиската урду школа“.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото