Изложба на Никола Радуловиќ во МСУ

07.11.2019 11:28
Изложба на Никола Радуловиќ во МСУ

Во Музејот на современата уметност – Скопје, утревечер на 8 ноември, со почеток во 21 часот ќе се отвори изложбата „СИСТЕМА“ на Никола Радуловиќ. Куратор на постановката е Бојана Јанева-Шемова.

Никола Радуловиќ е добитник на наградата за најуспешен автор и дело на XII Биенале на млади уметници доделена од Музејот на современата уметност - Скопје.

„СИСТЕМА- Book of Sclavin 2.0“ е вториот дел од книгата „Book of Sclavin“ - серијалот на анимирани книги, која заедно со првиот дел и интерактивната игра „Генеза“ ја формираат трилогијата „Book of Sclavin“, вели авторот.

„Система“ е исто така и името на изложбата на која е претставена трилогијата преку интерактивни објекти со кои може да се истражуваат книгите и играта сложувалка во изложбениот простор.

Постановката ќе биде отворена до 8 декември оваа година.