Кој андрак очекувате од насилници, измамници, криминалци и неписмени во Собранието?

07.11.2019 11:33
Кој андрак очекувате од насилници, измамници, криминалци и неписмени во Собранието?

Како тоа ќе градиме правна држава и ќе реформираме судство и ќе се бориме против криминалот кога во секој состав на Собранието граѓаните (оној народот кој не греши нели) изгласуваат сè поголем број осудени, амнестирани и осомничени за големи прекршувања на законите пратеници?

-Тука ни е Бајрам, како осуден затвореник кој си ја отслужи казната
-Тарчуловски, осуден затвореник кој си ја отслужи казната
-Џафери, амнестиран за злосторства против човештвото
-Груевски, осуден и бегалец од правдата
-Артан Груби, отпуштен од холандската амбасада заради прекршување на законот
-Али Ахмети, случај Попис - истрага
-Илија Димовски, 2 обвиненија (Талир и Титаник)
-Антонио Милошоски, случај Моќник - истрага
-Елизабета Канческа Милевска, случај Тендери - обвинение
-Даниела Рангелова, случај општина Центар - обвинение
-Ејуп Аљими, случај Титаник 3 - обвинение
-Ременски - истрага.

Сигурно има уште некој, а и барем неколкумина кои се провираат меѓу правото и неправото, па оние кои лажираат патни сметки, па оние кои отчукуваат присуство за дневници и веднаш го напуштаат Собранието, па оние кои... На пример: во предметот „Друмарина“ осомничена е поранешна пратеничка за кривично дело измама во службата. Се истражува дали пратеничката во периодот од јуни 2011 до декември 2015 година до службите на Собранието поднесувала лажни патни фискални сметки и се стекнала со противправна имотна корист од околу 100 илјади евра.

Навистина?
Сакаме да правиме држава во која владее правото со банда измамници кои одново и одново ги избирате да ве водат?
И после Франција била крива. И ЕУ била нечесна. И нè измамиле.

Ма ајде бре малку погледнете во огледало и кажете, кој андрак очекувате од насилници, измамници, криминалци и неписмени во Собранието?

Монтажи: Свирачиња