Не знам како да ти објаснам за да сфатиш дека не разбираш

07.11.2019 14:44
Не знам како да ти објаснам за да сфатиш дека не разбираш

 

Ти знаеш ли луѓе какви проблеми имаат?! Биди среќен што ме имаш мене.

 

Можеби имаш проблем, ама барем е твој.

 

Можеби сите те сметаат за будала, но ти длабоко во себе знаеш дека си тоа.

 

Не знам како да ти објаснам за да сфатиш дека не разбираш.

 

Извини што те разбудив, сакав да проверам дали си жив.

 

Многу е нестабилен, чатпатолошко е дури.

 

Извини што сум нестабилна, професионална деформација од работа на брод ми е.


Викаш, камерата те сака? ЕПА ДА СИ ИДЕШ КАЈ КАМЕРАТА!

 

Можеби не ме игнорира. Можеби сум невидлива!?

 

Морам да се сакам за да не мораш ти.

 

Еднаш бев храбра како песна и се освоив себе.

 

Многу те боли кога плачеш?

 

Не плачи, ќе ми ја прелееш чашата.

 

Плачи си слободно, не ми пречиш.

 

Леле колку сум одговорна, ко некој глагол.


Фотографии: Alena Zhandarova

ОкоБоли главаВицФото