Промоција на книга и изложба на Марта Шиндил

08.11.2019 02:24
Промоција на книга и изложба на Марта Шиндил

Промотивната изложба по повод излегувањето на фотографската книга „Space Composition“ на Марта Шиндил ќе се одржи во сабота (9 ноември) во студиото PrivatePrint во периодот од 16 до 21 часот.

Оваа фотографска книга ги сумира неколкуте патувања во Јапонија, во периодот 2017-2018, на авторката, која е архитект по професија. Низ нејзините патувања таа ја користи фотографијата како метод за анализирање на општествената улога на просторот и архитектурата преку концептот на негативниот простор (MA), својствен за јапонската архитектура и култура, кој потоа станува и подлошка во конструирањето на целата книга. Шиндил во воведниот текст вели „Како и сите други архитекти и мене ме интересира да откријам што е тоа што овозможува градовите и нивната архитектура да бидат динамични и прогресивни. Тоа е бескрајна и долготрајна потрага која неизбежно нè тера да гледаме на друго место за понекогаш да можеме од различен агол да ги видиме нештата кои се пред нас. Моите интереси, досега, на три наврати ме одведоа во Јапонија. Како што романтичарите го користеле црното огледало за да ги откријат и да ги кадрираат пејзажите, јас го користев мојот фото-апарат ‘Фуџи’. Прошетав километри кон и низ повеќе јапонски градови, села, предели и острови во обид да го „фатам во кадар“ тоа што дојдов да го пронајдам. Со создавањето на оваа книга на фотографски белешки, се надевам дека и вас ќе ве ‘прошетам’ низ сето тоа.“

Издавањето на оваа книга, фото-патопис од Јапонија на архитектката Марта Шиндил, тргува со идејата дека анализата на јапонската мисла за просторот може да се пронајде, иако веќе можеби заборавена или затрупана, во урбанизмот на Скопје токму преку урбанистичкиот план на Кензо Танге во кој несомнено тој го пренел јапонското поимање на просторот.

Книгата “Space Composition” е кофинансирана од Министерство за култура на Република Северна Мекедонија.
Изложбата “Space Composition“ на Марта Шиндил е дел од програмата „Изложби во соседството“ на Студиото PrivatePrint и е кофинансирана од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Изложбата ќе биде отворена и во следните денови:

10 ноември 2019, 12-18 часот
Од 12 до 15 ноември 2019, 12-18 часот
Од 18 до 22 ноември 2019, 12-18 часот

 

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Култура
Општество / Активизам / Фотографија / Култура
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око
Фотографија / Култура / Уметност / Настан / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност

ОкоБоли главаВицФото