вработените кај сизиф

08.11.2019 12:40

седат во просторијата со отворени врати.
се нашле тука, со книга в раце. во облегалката.
таа е состојбата на нештата. рамка.
седат. стануваат. со мирен чекор одат до вратите.
ги затвораат, се враќаат и седнуваат. неколку
(не)прочитани параграфи, стануваат. со спокоен чекор
одат до вратите и ширум ги отвораат. на местото си седнуваат
и се фаќаат за книгата. страница, две? стануваат.
со спокоен чекор одат до вратите и ги затвораат.
секвенцата продолжува и се повторува х пати, колку што е
потребно последователниот чин да се преобрази во систем.
секогаш од почеток го избираат гестот, работата, низата активности
со кои го укинуваат случајот. ќе одлучат еднаш и тогаш создаваат
причина за секој свој следен гест. работа. низа.
еднаш само да застанат, да се впрегнат во повторувањето,
да сторат нешто друго, да не направат ништо, би се соочиле.
со сомнежот? можеби тогаш би настапил страв.
би настапил страв, можеби.

Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото