20 најоткачени курсеви на колеџ

09.11.2010 16:02
20-те најоткачени курсеви на колеџ

Во светот постојат илјадници универзитети, факултети и колеџи. Некои од нив нудат „нормална“ настава: филологија, филозофија, економија, право, информатика и сл. Други, пак, нудат нешто многу побизарно. Претежно се курсеви од американските колеџи.

Невести кои се нарачуваат по пошта

Курс кој наводно помага во разбирањето на Филипинките во контекст на југоисточна Азија. Можете да го посетувате на универзитетот Џон Хопкинс.

Сируп од јавор

Курс кој ве запознава со методите на производство на сирупот од јавор кој, пак, претставува неизбежна појава во американскиот секојдневен живот. Универзитет Алберт.

Филозофијата и Ѕвездени патеки

На универзитетот Џорџтаун можете да ја изучувате филозофијата напоредно со онаа во познатата серија за вселенски патувања и истражувања.

Ѕвездени патеки и религијата

Курсот претставува вовед во критичкото истражување на религијата преку популарната култура. Се наоѓа на Индијана универзитетот.

Сведоците, другата страна на расизмот

Професорите од колеџот Маунт Холиоки велат дека овој курс им помага на студентите да станат свесни дека додека расизмот ги обезвластува „обоените“ граѓани, создава „привилегии“ кај белците во општеството, најмногу во образованието, здравството и вработувањето.

Контекстот на хорор филмовите

На овој курс студентите ја изучуваат фасцинацијата на општествата од насилните филмови на стравот и ужасот. Може да се посетува на Бодоин колеџот.

Радоста на ѓубрето

Изненадувачки, ама овој курс навистина има некаква врска со науката, бидејќи меѓу другото истражува што е тоа што го предизвикува распаѓањето и разложувањето на ѓубрето, и кои хемикалии му го даваат грозниот мирис на истото. Универзитет Санта Клара.

Стратегијата на StarCraft

Само за играчи на компјутерски игри. Го има на престижниот универзитет
Беркли.

Гага за Гага: секс, пол и идентитет

Курс кој го изучува однесувањето на најновата поп ѕвезда Лејди Гага. Универзитет Вирџинија.

Неподносливата белина на Барби

На овој курс се користи куклата Барбика за да се иницираат дискусии за полот, расата и социјалната правда. Се наоѓа на Западниот колеџ.

Вонземски секс

На универзитетот Рочестер постои курс кој ги истражува сексуалните прашања за луѓето и не-луѓето.

Елвиш, јазикот на Господарот на прстените

Шпански? Француски? Не... Подобро посетете го овој курс по елвишки на универзитетот Висконсин.

Откачената страна

Да, на овој курс се изучува творештвото на Гери Ларсон, познатиот американски карикатурист. Го има на универзитетот Орегон.

Симпсонови и филозофијата

Може ли одбивањето на традиционалната моралност од страна на Ниче да го објасни лошото однесување на Барт? Ако го посетувате познатиот универзитет Беркли, можеби и ќе дознаете.

Науката на Хари Потер

Курс за физичари кој ја проучува „магијата“ употребена во Хари Потер. Каде? На Фростбург универзитетот.

Науката на суперхероите

Курс по физика кој ги користи суперхероите како примери. Професорите велат дека имаат можност да зборуваат за вистинска наука, но во контекст кој им е многу познат на студентите. Универзитет Ирвин.

Што може да се научи на ЈуТјуб

Гледањето видеа на ЈуТјуб може да му донесе некому десетка на крајот од семестарот. Тоа може да се најде на курсот на колеџот Питцер.

Зомбијата во популарните медиуми

Насловот кажува сè. Колумбија колеџ.

Киберпорното и општеството

На овој курс студентите разговараат за влијанието на интернет порното врз општеството и луѓето. Го има на универзитетот Бафало.

Квир музикологија

Весникот LA Times известува дека овој курс на познатиот универзитет UCLA поттикнува дискусии од типот „дали музиката компонирана од хомосексуалци би звучела поинаку ако е компонирана и музичари хетеросексуалци“.

Извор: zootpatrol.com

Секоја им чест

Секоја им чест

 ja sam upoznala devojku iz

 ja sam upoznala devojku iz Finske koja studira cirkus :DDDDD

ОкоБоли главаВицФото