Никогаш есента...

12.11.2019 11:06

Никогаш есента толку убава не била
Во нашата душа весела од умирачка.
Изветвена постела е свилениот рид,
Дрвјата на облаците им ткаат брокат.

Куќите на купче божем бардиња
Со згуснато вино на дното од глина
Стојат на модриот брег крај сончевата река
Од чие мочуриште злато бев пиел без да секне.

Црните птици се извишуваат на зајдисонце
Божем болен лист од габер стар
Кому лисјата му паѓаат тресејќи се угоре
Кон синиот, син азур.

Кому му се плаче, кому му се јачи
Се збираат да ја чујат чудната приказна
И со глед во небесниот факел на тополите
Да си ги закопаат сенките во сенката пространа.

 

Препев: Лидија Димковска

Тудор Аргези (Tudor Arghezi) е литературен псевдоним на Jон Теодореску (1880-1967), еден од најголемите романски поети од 20 век.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото