Кога дрво ќе роди зграда

12.11.2019 13:53
Кога дрво ќе роди зграда

Нова герила акција во Скопје. На дрвјата во Расадник никнаа згради.

„Македонија е земја на чудата, чуда се случуваат секој ден насекаде околу нас, а нам ни останува само да се чудиме. Најчудно од сè е како во еден од најзагадените градови на светот и во еден негов дел, кој што веќе е густо населен и има огромна фабрика загадувач, општинарите сакаат да направат ни помалку ни повеќе туку 100 нови згради во простор кој што претставува оаза на природата во центарот на градот“.

Ова е реакцијата на граѓански активисти кои утрово направија герила акција на просторот кај Расадник во Кисела Вода каде е планирана изградба на 100 нови згради. Тие потсетуваат дека овој предел некогаш бил периферија на градот, а градот е тој што се развивал и растел околку него.

„Токму затоа тој останал остров на биодиверзитетот, во самиот град на просторот Расадникот денеска сè уште живеат голем број диви зајаци, еребици, лисици, фазани, желки, ежови, клукајдрвци и десетици други врсти птици, мали цицачи, влекачи и инсекти. Денеска дрвата во Расадник еволуираа и родија згради, утре можеби и зајаците ќе протестираат. Сè е можно во оваа чудесна Македонија која еволуира секојдневно. Прашање на еволуцијата е и кога општинарите и градежната мафијо-ндустрија ќе еволуираат и ќе сфатат дека градот не го прават само зградите, туку градот е сложен систем на објекти, простори и вредности во кој место треба да има и за дрвата и за луѓето и за зајаците и за пољанките. А којзнае можеби еволуцијата на општинарите е завршен процес и ова никогаш нема да го сфатат…“, велат граѓанските активисти.

Слични содржини

Активизам / Јавни Простори / Екологија
Активизам / Екологија
Активизам / Јавни Простори / Екологија

ОкоБоли главаВицФото