Парадокси

13.11.2019 03:03
Прадокси

Голем дел од луѓето кои имаат замерки против промените на законот за јавни собири во последниве три години, откако се востанови новава власт, немаат протестирано.

Што значи правото без нејзина употреба и реализација. Ништо - прдеж во прашина.

Еднаш засекогаш дадени права може да дава само оној кому никој ништо не може да му одземе, имено Бог (без разлика кој колку и дали верува во негово постоење и семоќност/семожност). Правата се борба постојана, ако не си спремен за тоа, најди си друга смисла за живот, играј пинг понг, пуши трева, слушај музика, свири гајда итн.

Јас ја поздравувам од друга страна оваа одредба со надеж дека ќе дојде денот кога парламентарната демократија целосно ќе ги укине сите препреки за жива демократска мобилизација и размена. Со еден збор, ако сакаш демократија влези во Парламент, не туку ми климчи пред Парламент/Влада, та го попречуваш протокот на стока. Значи не 50 лица, туку целосна забрана на какво било јавно собирање.

Протестите низ годините нè научија дека вие можете да протестирате а за тоа никому да не му е гајле. Чуму правото? Да глумиме демократија?

Гледам ги обвинуваат властите дека тие дошле преку протести на власт. Не се согласувам. Тие не протестираа, туку тие се возеа без карта. Протестите не беа никогаш нивни, тие ги преземаа поради тежината, големината и сериозноста на историската епизода во која се наоѓаше нашава државичка.

Како што кажав, поддржувам целосна забрана на протести, а верувам дека тоа е единствениот пат за создавање демократска опозиција на овој Парламент кој е до гуша заглавен во олигархиските стапици и ситните малограѓански интереси.