Драго наше Скопје

13.11.19 12:05

Уметниците Александар Наумовски, Андреј Митевски и Љубиша Камењаров изработија мурали на елементите околу Универзална сала како подарок за градот и граѓаните на Скопје по повод 75 годишнината од ослободувањето на градот од фашистичката окупација. 

„Драго наше Скопје , ти си град кој преживеа невидени катастрофи, ти си град кој секојдневно крвари преку запалените контејнери и матниот загаден Вардар, но ти си и град на илјадници љубови, град на маџирмаалските голуби и чаирските фраери. Ти си единствениот град во кој сме дома. Ти си феникс, ти си нашиот град, ти си градот на солидарноста. Издржи Скопје за нас, за тебе, за следните генерации Скопјани. Те сакаме и секогаш ќе бидеме тука за тебе и во добро и во зло! Среќен роденден, среќни 75 години слобода“, порачуваат уметниците.

Тие се дел од тимот на Урбани уметнички акции и Центарот за современи уметности.

ОкоБоли главаВицФото