пред огледалото

13.11.2019 17:25

ја отворам устата. исушен акварел. пред мене.
го набљудувам. ја подавам раката кон него,
влегувам во неговиот придушен релјеф.
со интервенција се постигнува кревка рамнотежа на екосистемот.
и нерамнотежа. ја опипувам флората и фауната.
тука има секакви животинчиња. пловат во воздухот
или лебдат на површината. некаде груба или набрана.
некаде сосема слободно по неа се лизга.
со прстот продирам под јазикот. го допирам клучот.
не е клуч, тока е. јазиче од патент.
го фаќам со показалецот и палецот. полека го повлекувам.
секој забец се наслонува на другиот
прават целина. со патентот однатре ја затворам устата,
во неа ја закопчувам и својата рака.


Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото