скакулци

14.11.2019 13:24

дојдоа скакулците. тука се. застанаа на прагот,
се качија на чајникот, се вплеткаа во косата. без страв.
крупни зелени скакулци. се соблекувам замајана
од виното што вечерва го испив и лежам.
од постелата со поглед кружам, ги барам. гледам
еден, на таванот, на средината од просторијата, друг
се залепил за лустерот, ене го и третиот во ќошот.
додека така бројам, во собата низ прозорецот и низ вратата
навалија и други скакулци. еден, го следам, со брз
скок под креветот, друг на комодата, трет
на прекривката со која се покрив, ги гледам.
се двоумам да го згаснам светлото. се двоумам да станам,
да ги истерам:тој потфат осуден е на неуспех однапред
пред наездата, секогаш нова и свежа,
би бил сосем бесмислен. се двоумам да го затворам прозорецот
и вратата: веќе се внатре. се колебам да заспијам. мрзлива
сум и тромава. сите ги држам на око. сета своја енергија
ја вложувам. на око ги држам крупните зелени
скакулци, што го одбрале токму овој миг,
вечерва кога посебно уживав во црното вино,
кога со посебно уживање се качив до собата,
се соблеков и ѝ се препуштив на постелата, токму мене
ме одбраа и оваа соба која претходно јас ја одбрав, за
одмор, па сега ми исчезнаа сите аргументи
за било каков чин. дојдоа скакулците, сега се тука.

Превод: Славе Ѓорѓо Димоски

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото