Неверојатно: и во историски рекордниот буџет нема пари за борба против загадувањето!
Просто е неверојатно како во екот на глобалната кампања за климатските промени ние уште имаме министерство за екологија, кое служи само за меѓупартиски раскусурувања.
Проблемот на загадувањето не се решава преку врски и местења, не се решава ниту преку објавување „бомби“, ниту рекети и подмитувања, а најмалку со давање чудни „маркички“ за изградба на уште почудни згради. И затоа не се решава.
Неверојатно е дека и во историски рекордниот буџет на Република Северна Македонија нема никакви поместувања во однос на заштитата од загадувањето…